• + 389 70 562 563
Кошничка
вашата кошничка е моментално празна

Политика на испорака и враќање/замена на производ

  • Дома
  • Политика на испорака и враќање/замена на производ

Политика на испорака 

Политиката на испорака се однесува само за оние производи кои се нарачани преку онлајн продавницата www.contessa.mk.

Производите кои ги нарачувате ќе Ви бидат доставени на адресата која ја имате наведено во рок од 3-5 работни дена по извршената online нарачка.

Трошоците за испорака изнесуваат  120,00 денари за територијата на Скопје, и 150.00 денари за останатите градови на Република Македонија. Трошоците за испорака се калкулираат при плаќање на производот.

За нарачка преку 1.000,00 денари испораката е бесплатна за цела територија на Република Македонија.

Доколку производот не може да Ви биде испорачан согласно барањата од наша причина, ќе бидете контактирани со користење на оние податоци кои сте ги навеле како Ваши на нашиот сајт.

За сите прашања поврзани во врска со испораката или можни проблеми со истата можете директно да не контактирате на е-маил: info@contessa.mk или на контакт телефон: +389 70 562 563 .

Сите измени поврзани со испораката ќе бидат јавно објавени преку измена на оваа Политика за испорака.
 

Политика за враќање/замена на производ

Оваа политика за враќање односно замена на производ се однесува  само за оние производи кои се нарачани и платени од страна на купувачите, преку онлајн продавницата www.contessa.mk , и истата ги опфаќа следните услови:

·         Враќање односно замена на производ се врши исклучиво доколку се работи за оштетен производ од страна на производителот, односно доколку производот е со фабричка грешка;

·         Купувачот има право да испрати барање за враќање/замена на производот во рок од 24 часа по приемот на производот;

·         Барањето за враќање на производот испратете го на е-маил адреса info@contessa.mk  или контактирајте не на тел. бр. +389 562 563 каде ќе ви дадеме повеќе инструкции околу процесот на враќање на производот; Во барањето треба да се наведе причината поради која го враќате/заменувате производот, и доколку сакате производот да биде вратен а не заменет, треба да се наведе и трансакциската сметка за поврат на средствата.

·         Производот може да се врати во горе наведениот рок;

·         Доколку купувачот бара производот да биде вратен без замена за друг производ, износот на производот кој се враќа ќе биде вратен на трансакциската сметка која купувачот ја навел во барањето за враќање на производ.

www.contessa.mk има право да ја менува Политиката за враќање на производ. Сите ревизии или промени ќе стапат на сила веднаш со нивното објавување.
За било какви дополнителни прашања во врска со враќањето на производ ве молиме контактирајте не.