• + 389 70 562 563
Кошничка
вашата кошничка е моментално празна

Политика на заштита на лични податоци

  • Дома
  • Политика на заштита на лични податоци

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
 

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност и објаснува како КОНТЕСА ДООЕЛ ("нас", "ние" и "нашите") ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.contessa.mk, нашите социјални мрежи и сл.

Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.
Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколу не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт. 

ПРИБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ИНФОРМАЦИИ

За лични податоци се сметаат податоците со кои се утврдува идентитетот на потрошувачот како што се: име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса и истите се доброволно поднесени од корисниците нa www.contessa.mk. Контеса не собира лични податоци за корисниците, освен ако не е за конкретна намена како што е извршување на нарачка или пријавување на нашата мејлинг листа.

КОНТЕСА нема да ги злоупотребува, нема да ги дава ниту открива личните податоци на корисниците, освен во случаи кога тоа го пропишува законот. Личните податоци ќе бидат користени исклучиво за  наплата и испорака на вашата нарачка и за технички потреби за интернет страницата  за да ви овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со вас.

Сите податоци за корисниците се чуваат строго и им се достапни само на вработените во нашата компанија и истите се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци.

COOKIES/ТЕХНОЛОГИЈА НА СЛЕДЕЊЕ

Оваа веб страница може да употребува колачиња (cookies) и технологија на следење кои се корисни за прибирање на информации (не-лични податоци) како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на корисници на веб страницата и просечно време на употреба на веб страницата од страна на корисниците. Овие информации се снимаат автоматски и се користат за подобрување на содржината и функционалноста на веб страницата со цел прилагодување кон потребите на корисниците. Овие информации не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.