• + 389 70 562 563
Кошничка
вашата кошничка е моментално празна

Услови на користење

  • Дома
  • Услови на користење

Добредојдовте на www.contessa.mk. Ве молиме внимателно прочитајте ги Општите услови за користење, Политиката за заштита на личните податоци и Политиката за испорака пред да започнете да ја користите интернет продавницата. Со користење на интернет продавницата www.contessa.mk и купувањето на производи значи дека се согласувате и се обврзувате кон истите. Доколку имате прашања слободно контактирајте не.

Авторско право, трговска марка и интелектуална сопственост

Сите материјали на оваа веб страница се во сопственост на Тејк а клозр лук Контеса ДООЕЛ, сопственик на www.contessa.mk. Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на материјалите од оваа веб страница без изречена писмена дозвола од Kонтеса ДООЕЛ е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе корисникот до граѓанска или кривична одговорност.

1.    ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ И ФОТОГРАФИИ

За сите производи кои се продаваат преку contessa.mk направен е обид да се опишат најблиску и најточно што може. Фотографиите ги прикажуваат вистинските производи, во одредени ситуации производите кои во својот состав имаат чипка, можат да се разликуваат во однос на дезенот на чипката.

2.    ЦЕНИ

Сите цени на страницата се изразени во денари и во нив се вклучени трошоците за производот, пакувањето и трошоците за испорака на производот до вашата адреса. 

3.    ДОСТАПНОСТ

За сите производи кои се продаваат преку contessa.mk правиме обид постојано да ги имаме на залиха, но не гарантираме дека одреден производ секогаш ќе биде достапен.

4.    ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето за вашата нарачка можете да го направите со:

  • Платежна картичка (MasterCard, Maestro, Visa)

Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од платежни картички на Уни Банка АД Скопје. Порталот ги користи сите организациски и најнови технички мерки за заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката. Откако сте го избрале овај начин за плаќање системот автоматски ве префрла на онлајн системот за електронско плаќање  cPay Mk на Casys. Се отвора страницата за плаќање.

Податоците кои треба да ги пополните за плаќање со картичка се: 

  • Податоци за картичката (број на платежната картичка, датум на важност, 3-цифрен код за безбедност(CVV2/CVC2), име на сопственикот).

Откако ќе ги внесете потребните податоци следно што треба да направите е да кликнете на полето продолжи.
За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратен меил со деталите на нарачката на вашата емаил адреса која сте ја оставиле за контакт.

Нарачката ќе ви биде доставена во утврдениот рок (на однапред дадената адреса).

5.    ИСПОРАКА

contessa.mk испорачува во цела Македонија и има склучено договор за соработка со повеќе оператори за испорака на пратки. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Испораката на вашата нарачка се извршува во рок од 3-5 работни дена. Испораката на производи во Скопје изнесува 120 денари, додека за останаите градови во Р. Македонија изнесува 150 денари.

Доколку  курирот кој ја врши испорака не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе Ви биде оставено писмено известување за направениот обид. Курирот ќе изврши втор обид за достава во истиот ден и доколку повторно не ве најде на дадената адреса ќе бидете контакитрани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката. 

6.     РЕКЛАМАЦИИ И ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ОД ИЗВРШЕНА ТРАНСАКЦИЈА

Нашата цел е да бидете комплетно задоволни со производите кои ги купувате од кај нас и правиме се да излеземе во пресрет на секое барање.

Политика за враќање / замена на производ

Оваа политика за враќање односно замена на производ се однесува  само за оние производи кои се нарачани и платени од страна на купувачите, преку онлајн продавницата www.contessa.mk , и истата ги опфаќа следните услови:

·         Враќање односно замена на производ се врши исклучиво доколку се работи за оштетен производ од страна на производителот, односно доколку производот е со фабричка грешка;

·         Купувачот има право да испрати барање за враќање/замена на производот во рок од 24 часа по приемот на производот;

·         Барањето за враќање на производот испратете го на е-маил адреса info@contessa.mили контактирајте не на тел. бр. +389 562 563 каде ќе ви дадеме повеќе инструкции околу процесот на враќање на производот; Во барањето треба да се наведе причината поради која го враќате/заменувате производот, и доколку сакате производот да биде вратен а не заменет, треба да се наведе и трансакциската сметка за поврат на средствата.

·         Производот може да се врати во горе наведениот рок;

·         Доколку купувачот бара производот да биде вратен без замена за друг производ, износот на производот кој се враќа ќе биде вратен на трансакциската сметка која купувачот ја навел во барањето за враќање на производ.

7.     ОДГОВОРНОСТИ НА www.contessa.mk

-       www.contessa.mk ги презема сите расположиви мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и корисниците би биле засегнати. Секој корисник се согласува да ја употребува оваа веб страница на сопствен ризик.

-       Нашата цел е да бидеме достапни 100% од времето, меѓутоа може да се случи страницата да е недостапна во одредени периоди поради било каква причина надвор од наша контрола. Во никој случај нема да сносиме никакви материјални или други последици доколку не сме во можност користењето на интернет продавницата да биде непречено или целосно без грешки.

-       Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на информациите и заштитата на личните податоци кои ги обезбедуваат тие интернет страни. Контеса не ги прегледува веб страниците на кои преку линк се стигнува до www.contessa.mk и не е одговорна за содржината на веб страниците кои упатуваат на нејзината веб страница.

-       Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика за заштита на личните податоци.

-       Корисниците кои купуваат преку www.contessa.mk имаат можност да објавуваат искуства, забелешки и пофалби за производите или да објават коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или категоризирана како 'spam'. contessa.mk ќе ги отстрани сите пораки кои спаѓаат во горенаведените категории. 

-       Контеса може да ги промени овие Услови на користење, политиките и општите одредби во било кое време. Контеса го задржува правото да додава, менува, надградува, укинува, стопира услуги или воведува услови за услугите на www.contessa.mk без претходно известување.